Утрински Весник
Свет

Нигерија ја укина забраната за „Твитер“ по повеќе од половина година

Нигерија ја укина забраната за „Твитер“ по повеќе од половина година
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Твитер“ ќе стане повторно достапен во Нигерија откако тамошната влада во средата објави дека ќе ја укине блокадата за пристап до таа платформа.

По разговорите со американската компанија, беше договорено „Твитер“ да отвори канцеларија во Нигерија, изјави владин претставник без да открие детали.

Забраната се укинува од полноќ.

Претседателот Мухамаду Бухари на 5 јуни наложи да го забрани пристапот на „Твитер“ во земјата со околу 200 милиони жители.

Претходно „Твитер“ ја избриша контроверзната порака на претседателот за граѓанската војна во Нигерија и го суспендираше профилот на шефот на државата на 12 часа.

Владата тогаш не наведе конкретна причина за суспензијата. Сепак, се наведува дека платформата била користена многу пати за активности кои би можеле да го поткопаат постоењето на Нигерија.

Можете да прочитате

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Путин потпиша закон за национализација на напуштени имоти во окупираните делови на Украина