Утрински Весник
Македонија

Не се кријат податоци за состојбата со коронавирусот, тврди Спасовски

Не се кријат податоци за состојбата со коронавирусот, тврди Спасовски

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Нема ниту еден податок кој е скриен и не е презентиран во јавноста, наша определба е да работиме транспарентно, колку и да таа вистина не е добра, треба да ја знаат граѓаните, истакна премиерот Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Владата прашан дали се кријат некои податоци во однос на коронавирусот.

– Замислете каква глупост е да излезете да кажете или да скриете дека имате заразени од коронавирус, а вие тоа не го пријавувате на јавноста или на институциите. Тогаш за каква одговорност зборуваме, за кое здравје и живот на граѓаните зборуваме ако така настапуваме. Како Влада се однесуваме одговорно и многу транспарентно и затоа ви кажуваме дека ако треба и три-четири пати дневно ќе имаме прес-конференции, соопштенија и се што треба да правиме ќе правиме за да бидат граѓаните информирани, рече Спасовски.

Премиерот апелираше до медиумите да соопштуваат информации исклучиво од институциите.

-Апелирам до медиумите да слушаат тоа што ќе го соопштат институциите. Тоа што го имаме како сознание е основа врз кое ќе ги носиме идните одлуки. Се што правиме како Влада се базираме исклучиво на експертите за оваа состојба и мерките ќе ги ноиме врз основа на тоа. Овде нема место за политика или политиканство, порача Спасовски. бк/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”