Утрински Весник
Свет

„Нестле“ испраќа 1,5 милион кутии со адаптирано млеко за бебиња во САД

Швајцарската прехранбена компанија „Нестле“ им обезбеди на САД дополнителни 1,5 милиони кутии со адаптирано млеко за новороденчиња за да го ублажи недостигот, соопшти американската Администрација за храна и лекови (ФДА).

Од јули до октомври, благодарение на ублажените регулативи за увоз, „Нестле“ ќе испрати Gerber Good Start Gentle од Мексико во САД, а од јуни до октомври NAN Supreme Pro 1 и Supreme Pro 2 од Германија.

Од летото, на американскиот пазар ќе бидат достапни околу 1,3 милиони кутии Gerber Good Start Gentle со тежина од околу 1,1 милион килограми и речиси 250.000 кутии NAN Supreme Pro 1 и Supreme pro 2 со тежина од околу 800.000 килограми.

Американското Министерство за здравство и човечки услуги сега ја проценува можноста за испорака на храна во САД што е можно поскоро, соопшти ФДА.

Во мај, „Нестле“ испорача Gerber Good Start Extensive од Холандија и Alfamino од Швајцарија во САД, нагласувајќи дека овие производи се приоритет бидејќи се наменети за бебиња алергични на протеини од кравјо млеко.

Понудата на адаптирано млеко за доенчиња во САД опадна во февруари откако Абот нутриција, најголемиот американски производител, ја затвори фабриката во Мичиген и ги повлече најпопуларните формули поради бактериска контаминација поврзана со смрт кај бебињата.

За да се реши проблемот со недостигот, ФДА ги повика производителите ширум светот да извезуваат храна за бебиња во САД.

Можете да прочитате

Дали Кина поздравува — или се плаши од — војна меѓу Иран и Израел?

УНИФИЛ: Израелски тенк намерно гаѓаше и оштети караула на ОН во јужен Либан

Стејт департмент: Израел има право да го напаѓа Хезболах во Либан , дури и во цивилни згради, но мора да ги заштити цивилите