Утрински Весник
Спорт

Нестварни резултати на женското СП во ракомет

Нестварни резултати на женското СП во ракомет

Експериментот на Светската ракометна федерација (ИХФ), на Мундијалот во женска конкуренција да учествуваат 32 репрезентации се покажа како неуспешен.

Шанса од проширувањето добија земји, каде до пред година или две ракометот беше аматерски спорт. На СП во Шпанија настапија Иран, Камерун, Убекистан, Парагвај, Казахстан.

Овие селекции од силните селекции примаа повеќе од 45 голови. Највпечатлив е резултатот од дуелот помеѓу Холандија и Казахстан, во кој Холанѓанките за 60 минути игра постигнаа 61 гол, а примија 15.

Холанѓанките го декласираа и Порторико (55:15), односно Узбекистан (58:17). Шведска ги полнеше мрежите на Порторико (48:10) и Узбекистан (46:15), Иран постигна осум гола против Ангола, а прими 41, додека од Норвешка загуби со 41:9.

Норвежанките го победија Порторико со 43:7, а Ангола славеше над Узбекистан со 52:11.

Инаку, Светското првенство во Шпанија влезе во нокаут-фазата, во четврт-финалето ќе играат: Бразил-Данска, Шпанија-Германија, Норвешка-Русија и Франција-Шведска.

> Нестварни резултати на женското СП во ракомет <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина