Утрински Весник
Свет

Нема да има нов карантин во Италија, граѓаните не би можеле да го издржат

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Во Италија нема да има нов карантин, бидејќи економијата не би можела да го издржи тоа, а прашање е дали граѓаните би можеле да поднесат повторно да бидат затворени во своите домови, пишуваат италијанските медиуми, цитирајќи политичари и економисти.

Премиерот Џузепе Конте потврди дека нема да има нов карантин, пишува агенцијата Анса.

„Ги преземаме сите мерки за да не се случи тоа и имаме развиено одличен систем за откривање и пребарување на лица заразени со Ковид-19“, рече Конте и ги повика граѓаните да ја преземат мобилната апликација „Имуни“ на нивните телефони, која овозможува да бидат откриени контактите со заразено лице.

„Тоа е морална обврска на секој Италијанец“, рече премиерот Конте.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

Над 100 луѓе евакуирани од швајцарските Алпи поради опасност од одрони

Зеленски се сретна во Венс и Рубио во Рим