Утрински Весник
Спорт

Некогашниот помошник на Конте ќе го предводи Спартак Москва

Некогашниот помошник на Конте ќе го предводи Спартак Москва

Малку познатиот италијански тренер, Паоло Ваноли, го наследи Руи Виторија на клупата на Спартак од Москва. Најтрофејниот руски клуб, во средата, се раздели до Португалецот Виторија поради лошите резултати во домашното првенство.

Фудбалската јавност малку знае за Ваноли. Работел како тренер во младинските категории на италијанската репрезентација, додека во сениорска конкуренција му бил асистент на Антонио Конте во Челси и Интер.

Со Спартак, Ваноли, потпиша 18 месечен договор.

Од играчките денови Ваноли има убави спомени од Москва. Тој играше за Парма во финалето во 1999 година, кога „млекарите“ го освоија трофејот во Купот на УЕФА.
Покрај во Парма, во кариерата бил играч на Верона, Фиорентина, Болоња и Глазгов Ренџерс.

> Некогашниот помошник на Конте ќе го предводи Спартак Москва <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0