Утрински Весник
Македонија

Независен академски синдикат: Итно да сопре постапката за избор на ректор на УКИМ во вонредна состојба

НАкС: Апсурдно е ректорот на УКИМ да се повикува на слободата на синдикалното здружување и отворено да застане зад префериран синдикат
Ss2

Скопје, 25 мај 2020 (МИА) – Независниот академски синдикат преку соопштение бара од ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Никола Јанкуловски, сенаторите на УКИМ, како и проректорите и деканите како членови на Ректорската управа итно да ја сопрат постапката за избор на ректор во вонредна состојба.

– Ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски ја продолжува постапката за избор на нов ректор во услови на вонредна состојба. Нејасно е брзањето за спроведување избори во кратки рокови, кога Уредбата со законска сила за примена на Законот за високо образование за време на вонредна состојба предвидува дека на универзитетските тела и органи кои за времетраењето на вонредната состојба не извршиле избор на нов состав, „мандатот им се продолжува за време на траење на вонредната состојба“. Во време кога поради вонредната состојба кандидатите не можат да ги претстават своите програми, односно гласачите не можат да бидат информирани, а академската заедница е преокупирана со организација на наставата и испитите, нема ни потреба ни услови за спроведување избори за ректор, истакнуваат од Независниот академски синдикат.

Ss1

Посочуваат дека постапката за избор на ректор мора да се одржи во редовни околности, при што покрај легалноста, треба да бидат обезбедени услови за транспарентност и фер претставување на кандидатите на првите непосредни избори за ректор на УКИМ. рп/аа/

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Утре гласаат болните, затворениците и дијаспората

Меџити вели дека 10 000 граѓани од дијаспората доаѓаат да гласаат

Спасовски: Просечна плата од 1100 евра, минимална од 600 евра, на младите им нудиме европска иднина!