Утрински Весник
Свет

Невреме во Франција, Ајфеловата кула окована во мраз

Невреме во Франција, Ајфеловата кула окована во мраз
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Работниците користеа оган за топење на снегот и мразот што ја зафатија металната конструкција на Ајфеловата кула, а снежната покривка денес го парализираше патниот и железничкиот сообраќај низ северна Франција.

Регионите на Нормандија и Бретања мораа да затворат голем број патишта поради недостаток на механизација за расчистување на патиштата.

„По ова студено време, платформите на Ајфеловата кула се замрзнати, така што ние користиме пламеници за топење на снегот и мразот затоа што има корозивно влијание врз металната конструкција“, велат од управата на Ајфеловата кула.

Делови од централна и северна Европа, како и Велика Британија, се погодени од студен бран проследен со обилни врнежи од снег, а сообраќајот е отежнат во Германија, Чешка, Белгија и Холандија .

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Објавени проекции: Ако нема миграција, ЕУ би имала под 300 милиони жители во 2100 година

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични