Утрински Весник
Македонија

Невладините на средба со Османи побараа поголема вклученост во пристапниот процес кон ЕУ

Невладините на средба со Османи побараа поголема вклученост во пристапниот процес кон ЕУ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со претставници на повеќе тинк-тенк организации во земјата.

Како што информираат од ресорното миистерство, целта на средбата била зајакнување на дијалогот со тинк-тенк заедницата која има важна улога во клучните политички процеси на земјата, а во насока на европската перспектива на Северна Македонија.

„Отворените дебати и дискусии се основа на демократските процеси во една земја. Студиите и анализите на тинк-тенк организациите имаат непроценливо значење во градење на општиот политички дискурс“, истакна Османи.

Во рамките на средбата биле споделени размислувањата за добрососедските односи, европската агенда на земјата и нивниот ангажман во преговорачката структура во рамките на ЕУ пристапниот процес.

Претставниците на граѓанскиот сектор побарале иницирање на поголем број проектни активности и механизми за вклучување на нивната експертиза.

„Како министер за надворешни работи ќе се залагам колку што е можно повеќе за обезбедување на финансиски средства и проекти кои би вклучиле во себе форми на соработка со тинк-тенк заедницата. Новата методологија за преговарачкиот процес, наметнува поинаква форма на дијалог со земјите-членки и крајната одлука за зачленување ќе биде ексклузивно нивен прерогатив. Во таа насока, улогата на министерството за надворешни работи во интеракцијата со престолнините на земјите-членки и Брисел ќе биде исклучително значајна и незаменлива. Затоа ќе треба една поголема мобилизација, не само на администрацијата, туку и на граѓанскиот сектор за да бидеме поуспешни во овој процес”, порача министерот Османи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пендаровски: Силјановска ја цитира бугарската УДБА

Вечерва започна молкот за изборите на 8 мај

Пендаровски кон Силјановска: Два труда имате објавено на Скопус, што сте работеле како професор?