Утрински Весник
Свет

Невакцинираните жители на Квебек ќе плаќаат здравствен данок

Невакцинираните жители на Квебек ќе плаќаат здравствен данок

Канадската провинција Квебек ќе наплаќа здравствен данок на жителите кои не се вакцинирани против Ковид-19, соопштија денеска властите во Квебек.

„Работиме на нов данок за сите возрасни кои одбиваат да примат вакцина против коронавирус бидејќи тие претставуваат финансиски товар за сите граѓани“, рече премиерот на покраината, Франсоа Лего.

Премиерот рече дека десет отсто од граѓаните на Квебек не ја примиле вакцината и додаде дека останатите 90 отсто од вакцинираните не треба да страдаат поради нив.

Според него, тие десет проценти од невакцинираните, возрасни лица, претставуваат 50 проценти од луѓето на одделенијата за интензивна нега во болниците.

Вкупно 2.742 лица се хоспитализирани во Квебек, кој има околу осум милиони жители, а околу 255 лица се на одделенијата за интензивна нега.

Можете да прочитате

Компанијата на Безос планира нови вселенски летови од 19 мај

Двајца мртви и пет исчезнати во судир на брод за крстарење и чамец на Дунав кај Будимпешта

Словачки вицепремиер: Фицо е стабилен, но сепак бара интензивна нега