Утрински Весник
Спорт

НБА „Ол-стар“ натпреварот со осум отсто поголема гледаност од ланскиот

Тимот на Леброн поуспешен од екипата на Адетокунбо

Чикаго, 18 февруари 2020 (МИА) – Раководството на НБА лигата објави дека „Ол-стар“ натпреварот во просек го гледале 7,3 милиони гледачи, што е за осум проценти повеќе во однос на минатата година.

Четвртата четвртина која се играше без пауза за ја следеле во просек осум милиони гледачи.

Натпреварот се играше во неделата во Чикаго. Ова беше 69. натпревар на сите ѕвезди на кој тимот на Леброн Џејмс го надигра тимот на Јанис Адетокумбо со резултат 157:155. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалери против Турција во Истанбул на 1 јуни

Вардар со победа во Струга стави печат на шампионската титула

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија