Утрински Весник
Спорт

НБА играчите ќе бидат тестирани за КОВИД-19 од 23 јуни

Предлагаат 50 отсто намалување на платите во НБА

Орландо, 14 јуни 2020 (МИА) – Сите 22 екипи кои ќе учествуваат во последната фаза од сезоната во НБА, ќе започнат со тестови за КОВИД-19 на 23 јуни, објави „ЕСПН“.

Тестирањето на сите членови на тимот ќе се одвива на дневна основа, како и во последните два дена пред екипите да започнат со тренинзи во комплексот „Дизни свет“ во Орландо.

Тимовите се очекува да пристигнат на Флорида помеѓу 7 и 9 јули

Најавениот датум за почеток на камповите за обука е 30 јуни, а екипите треба да пристигнат на Флорида на 7 јули.

Остатокот од сезоната, што беше прекината во март поради глобалната пандемија, ќе се одржи во Орландо со само 22 екипи.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина