Утрински Весник
Македонија

На 31 март истекува рокот за парична помош за новороденчиња во Општина Аеродром

На 31 март истекува рокот за парична помош за новороденчиња во Општина Аеродром

Општина Аеродром ги потсетува семејствата што добиле принова минатата година дека рокот за доделување еднократна парична помош за новороденчето истекува на 31 март 2021 година.

Општина Аеродром од оваа година исплаќа по 8.000 денари за секое новороденче.

Потребни документи за аплицирање: фотокопија од извод од матичната книга на родените (за новороденчето); фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром; фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа; фотокопија од Решение за посвојување/адаптација (за семејства што посвоиле дете) и барање за доделување еднократна парична помош што може да се добие во Архивата на Општината или да се симне од веб-страницата на Општина Аеродром на следниов линк: http://www.aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд

Петар е тежок 2 килограми и 350 грама: 61-годишната мајка којашто се породи на ГАК имала замрзнато јајце клетка

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура