Утрински Весник
Македонија

На трибината требаше да се појави Мицкоски и да каже што разговарал со Кирил Петков, велат од СДСМ

На трибината требаше да се појави Мицкоски и да каже што разговарал со Кирил Петков, велат од СДСМ

Наместо лажни конструкции и рециклирани обвининувањa, јавноста денеска очекуваше дека на трибината на ВМРО-ДПМНЕ ќе се појавеше Христијан Мицкоски и ќе одговори на прашањата за кои молчи со денови, реагира СДСМ по дискусијата што денеска се одржа во просториите на опозициската партија, а беше насловена: Заштита на националните и државни интереси, наместо пазар дипломатија.

„Дали Мицкоски на бугарскиот премиер Кирил Петков му ги постави прашањата кои ги нарачуваше од медиумите? Што кријат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од средбата со Петков? За што се зборувале на таа средба? Граѓаните видоа и претходно на средба на Мицкоски со Бојко Борисов дека тој ги менува ставовите кога се среќава со официјални претставници.Дали така било и на средбата со Петков, треба да каже самиот Мицкоски“, велат од СДСМ.

Во соопштението што минатата недла ВМРО-ДПМНЕ го испрати до медиумите, а се однесуваше на средбата на Мицкоски и Петков беше наведено дека двајцата лидери зборувале за актуелните состојби, градењето на доверба и заедничката соработка во полето на инвестициите, образованието, науката. „Мицкоски се задржа на истите позиции кои се и претходно јавно познати“, беше наведено во кусото соопштение за средбата со Петков, без образложение за кои позиции станува збор.

Можете да прочитате

Владините возила на министрите ќе останат необележани така советува АНБ и МВР

Повторно пожар на депонијата кај Арачиново

Ангелов: Опасен пламен од пакуван сончоглед – депонијата кај Арачиново гори