Утрински Весник
Македонија

На тестирањето за медицинската струка во Прилеп само двајца ученици беа вишок

На тестирањето за медицинската струка во Прилеп само двајца ученици беа вишок

Прилеп, 22 јуни 2020 (МИА)  – Денешното тестирање за учениците од медицинската струка во прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“ донесе резултати со кои двајца од 36-те тестирани не го поминаа квалификацискиот испит.

Иако сите имаа по 75 бода, а паралелката за медицински сестри треба да брои 34 ученици, двајца од учениците не може да се запишат на оваа медицинска насока. Во ова училиште се оформени и паралелките, по една со 34 ученици за акушерско-гинеколошки сестри и по една за фармацевтски и за физиотерапевтски техничар.

Пополнети се и паралелките од другите услужни дејности во ова училиште, фризерско и козметичко, додека место има во паралелките од текстилната, дрвно-преработувачката и од рударската струка.

Што се однесува до резултатите за упис во другите четири средни училишта во Прилеп, во Гимназиајта „Мирче Ацев“  во првиот уписен рок се запишаа 197, а има место уште за 109 ученици, во електромашинското училиште „Ристе Ристески Ричко“ се пријавија 215, а има место за уште 141 ученик.

Најмногу слободни места останаа во економското училиште „Кузман Јосифоски Питу“ каде од 238 места се пополнија 52, а во хемиското училиште „Орде Чопела“ за 309 места се пријавија 59 полуматуранти. Вториот уписен рок е на 24 и 25 јуни. ем/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Државни функции за Павле Трајанов, Солза Грчева и Наташа Котлар

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за награда на пожарникарите, нема пари за никој освен за функционерите

Левица ќе поднесе интерпелација за Антонио Милошоски