Утрински Весник
Свет

На Сибир измерени 48 Целзиусови степени

На Сибир измерени 48 Целзиусови степени

Пред неколку дена биле измерени неверојатни 48 Целзиусови степени во Сибир, пренесуваат светските медиуми.

На 20 јуни, два европски сателита, на арктичкиот дел од Сибир измериле температура од 118 F односно 47,7 Целзиусови степени. Станува збор за температурата на почвата, така што ова не се смета за температурен рекорд. Температурата на воздухот во таа област, во тој период била околу 30 Целзиусови степени.

И покрај тоа, ова е невообичаено висока температура за Арктичкиот круг и таквата топлина може да го забрза понатамошното топење на мразот и да ги забрза климатските промени.

Сателитите на ЕУ Коперникус Сентинел-3А и 3Б ги забележале овие високи температури за време на топлиот бран што го погоди поголемиот дел од Сибир. Овие горештини укажуваат на можност за пеколен почеток на летото, по пролетта во која во Сибир беа регистрирани стотици шумски пожари.

Многу од овие пролетни пожари беа т.н. „зомби пожари“ затоа што тие всушност се повторно активирани остатоци од шумските пожари што избувнаа претходното лето и никогаш не биле целосно изгаснати. Зомби пожарите со месеци тлеат под зимскиот снег, потхранувани со јаглерод од тресетот под ледената површина. Кога снегот се стопи на пролет, пожарите повторно се активираат.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година