Утрински Весник
Магазин

На повидок нова холивудска преработка на „Волшебникот од Оз“

На повидок нова холивудска преработка на „Волшебникот од Оз“

Холивуд се подготвува да направи уште едно патување по патеката од жолти тули со римејк на класичниот филм „Волшебникот од Оз“, еден од најславните филмови на сите времиња.

„Њу лајн синема“, единица на студиото „Ворнер брос“ од AT&T Inc, во вторникот соопшти дека развива нов поглед на приказната за Дороти и нејзината посета на Земјата на Оз, што е детално опишана во детската книга на Лиман Франк Баум „Чудесниот волшебник од Оз “ објавена во 1900 година.

Никол Касел, извршна продуцентка и сценаристка на хит-серијата на ХБО Watchmen („Чувари“) која освои „Еми“ награда, ќе го режира новиот филм, соопшти студиото.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност

Избрана погрешна девојка на изборот за „Мис универзум на Хаити 2026“