Утрински Весник
Македонија

На патот кај свлечиштето Цуцка на излезот од Велес и покрај забраната за движење минуваат несовесни граѓани

На патот кај свлечиштето Цуцка на излезот од Велес и покрај забраната за движење минуваат несовесни граѓани

Велес, 23 мај 2020 (МИА) – Од почетокот на март веќе трет месец интензивно се изведуваат градежните работи на санација на свлечиштето од карпата Цуцка, од кога и е поставен знак за забрана на секаков вид на минување на  возачите и пешаците. Но и покрај забраната за движење  секојдневно по патот минуваат несовесни граѓани во голем дел млади, пеш или со велосипед кои рекреираат или се упатиле кон рекреативниот центар река Бабуна.

Неделава посебно беше опасно за минување поради ситните парчиња од карпи распрснати по целиот пат и тесната патека од потпорниот ѕид покрај самата пруга, а по кој минуваат најголем дел од минувачите пеш или со велосипеди в раце.

Во меѓувреме во изминативе два дена  камчињата се веќе  отстранети од пат, но и понатаму стои знакот за забрана за движење поради интензивните градежни работи на торкретирање- прскање на карпите информира за МИА инженер Блажо Петров од битолска Стентон Градба“ изведувач на градежните работи.

Како што појасни Петров согласно правилата уште на почетокот на градежните работи, поставиле знак  за забрана за движење, но и дополнително секојдневно усно ги предупредуваат граѓаните на внимателно движење на патот во санација, барем во периодот од 8 до 17 часот кога има интензивни градежни активности на карпите.

-Ние  планираме деновиве покрај знакот за забраната за движење на пешаци и возила, но поради големиот број на граѓани кои пеш или со велосипеди  се движат за време на изведување на градежните работи да поставиме и дополнителен знак за  забрана за движење по патот од 8-17 часот, ,информира Петров

Инаку поради продолжениот празничен викенд градежните работи се стопирани и ќе продолжат во вторник наутро.

Петров не информира дека деновиве патот и заштитнио ѕид покрај пругата беа исчитени  од ситните одрони на иситнети карпи, а  кои останаа на патот од кавањето на карпите.Воедно од патот е отстране и тампонот за негова  заштита.

Моментално карпите се прскат -торкретираат со бетон,а тоа ќе потрае и во наредните три четири дена  од следната недала.а по што на карпите ќе се постават анкери и заштитна мрежа од безбедносни причини за да се сопре паѓањето на карпи на патот,со што ќе се осигири безбедноста на сите возачи и пешаци на овој дел од патот.

Како што најавуваат од „Стентон Градба“ а што неделава при посетата го потври и  директорот на ЈПДП Зоран Китанов, а  кој беше на увид на градилиштето  заедно со  министерот Горан Сугарески и градоначалникот Аце Коцевски, целокупната санација на ридот „Цуцка“  треба да заврши два месеци порано од рокот, наместо до октомври до август годинава.

-Затоа и апелираме до граѓаните претежно младите ако не мора, сепак поради лична безбедност да се воздржат од минување на  оваа делница за уште  два  месеци,додека да завршат градежните работи,апелира Петров.

Тој информира  дека патот ќе биде целосно реконструиран со нова асфалтна лента во третата завршна  фаза некаде во август, а кога и повторно ќе биде пуштен во функција. ад/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одѕивот на Претседателските избори во Амбасадата во Брисел до 17 часот 39 отсто  

Вкупно 165 болни и немоќни гласаа во Неготино

ВИКЕНДОТ ШТО ДОАЃА ЌЕ ДОНЕСЕ МНОГУ СВЕЖИ УТРА: Температурите ќе бидат потпросечни, а ќе се спуштат и до 3 степени