Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

На Клиниката за урологија во тек е трансплантација на бубрег од починат донор

На Клиниката за урологија во тек е трансплантација на бубрег од починат донор
Img 7972

Утрово во осум часот на Клиниката за урологија по раководство на др Сашо Дохчев, започна трансплантацијата на бубрег, откако доцна ноќеска беше направена експлатацијата од починат донор, соопшти Министерството за здравство.

„Тимовите на др. Сотир Ставридис и др. Александар Трајановски после полноќ завршија со експлантација на бубег и коскени ткива од 28 – годишен починат донор, чие семејство несебично се согласи да ги донира органите. Благодарение на нивната хуманост, утрово еден бубрег се трансплантира кај 22 годишно момче“, се наведува во соопштението.

Коскените ткива ќе бидат обработени и спремни за трансплантација во наредните денови.

Инаку, велат од МЗ, се работи за донор со исклучително ретка крвна група за која има мал број на приматели на органи на Националната листа за трансплантација и за овие пациенти ова е единствена шанса за живот.

„Голема благодарност до медицинските тимови кои учествуваа во експлантацијата и до семејството на донорот кои ни покажаа што значи хуманост“, велат од Министерството.

Можете да прочитате

Андријана Ташкова-Ѓоргиева згрижува три деца покрај своите три и ја бара довербата од битолчани за влез во Советот преку ГРИН

Апсење во Тетовско – Ова се причините

ОГРОМНА НЕГАТИВНА ТЕМПЕРАТУРНА АНОМАЛИЈА: Доаѓаат голем студ, многу дожд и снег!