Утрински Весник
Свет

На изборите во Франција, Алијансата на Макрон освои 25,75 отсто од гласовите, а левицата 25,66 отсто

Центристичката алијанса „Заедно“, предводена од претседателот на Франција, Емануел Макрон, влегува во вториот круг од изборите за Долниот дом на парламентот со многу слаба предност пред левицата, покажаа конечните резултати од неделните избори во Франција.

Алијансата „Заедно“ освои 25,75 отсто од гласовите, покажува објавениот резултат на Министерството за внатрешни работи, додека левичарскиот блок „НУПЕС“ на чело со Жан-Лук Меланшон е втор со 25,66 отсто, пренесе Ројтерс.

Според последните податоци на стратешката агенција Елабе, сојузот на претседателот на Франција Емануел Макрон „Заедно“ ќе освои меѓу 260 од 300 места во парламентот, а за мнозинство му се потребни 289.

Можете да прочитате

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина

Директорот на СЗО: Ова не е нов Ковид