Утрински Весник
Македонија

На Заев и Ципрас утре во Германија, ќе им биде врачена Меѓународната награда за мир на Вестфалија

На Заев и Ципрас утре во Германија, ќе им биде врачена Меѓународната награда за мир на Вестфалија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска попладне заминува за Мунстер, Сојузна Германија, каде што утре, на свечена церемонија, ќе му биде врачена Меѓународната награда за мир на Вестфалија, која за 2020 година им е доделена на премиерот Зоран Заев и на поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас, информираа владините служби.

Во образложението за наградата се истакнува дека „Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа историски договор кој како пример за врвен дипломатски пристап, реши отворено прашање и со тоа, меѓу другото, дадоа значаен придонес за стабилноста на Балканскиот регион“, објаснуваат од Владата.

На свечената церемонија утре во Мунстер, наградата на двајцата лауреати ќе им ја додели претседателот на Латвија Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои оваа награда ја добија за 2019 година.

Можете да прочитате

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

Филипче: Интерпелацијата за Трајко Славески ќе биде поднесена деновиве

Кос: Северна Македонија демонстрира посветеност на реформите, наша цел останува отворање на првиот кластер штом се исполнат условите