Дејвид Бекам во кариерата беше познат како одличен изведувач на слободни удари, на изведување на корнери и топ асистент.
Англија на „Олд Трафорд“ играше со Грција во далечната 2001 година во квалификациите за СП 2002 година. Пред овој меч Англија и Германија беа израмнети на врвот на табелата, но „Гордиот Албион“ имаше подобар меѓусебен скор. На Бекам и колегите им требаше победа против Грција за прво место во групата.
Сепак работите не се одвиваа по планот за Англичаните. Во 90 минута Грција водеше 1-2 сред Манчестер, а Германија имаше 0-0 со Финска. Чудото кое ги одведе Англичаните до 2-2 во 93 минута се викаше Дејвид Бекам.
Слободен удар од 30 метри:
> На денешен ден Бекам докажа дека е мајстор за слободни удари <