Утрински Весник
Македонија

Најмногу снег во Маврово, Дебар и Пожаране

Утрово најстудено и најмногу снег во Маврово

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Најголема снежна покривка до 7 часот денеска е измерена во Маврови Анови, вкупно 19 сантиметри, следи Дебар со 12 сантиметри, потоа Пожаране со 12, Штип 9, Лазарополе 8 и така натаму, информираат од УХМР.

Истовремено најниска температура денеска од минус 9 степени е измерена во Маврово, по што следат Крушево и Дебар со по минус 7 и Лазарополе минус 6.

Воедно во изминатите 24 часа до 7 часот денеска најголем воден талог беше измерен во Лазарополе, Скопје Зајчев Рид, Прилеп и Битола.

Во тек на денешниот ден времето ќе биде облачно и не многу студено со повремени врнежи претежно од снег. Дневните температури во Скопје, се очекуваат до 2 степени. оџ/аа/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Велковски: На граѓаните ќе им се овозможи да докупат до две години стаж за пензија

Маж од Кратово со нож прободел полицаец

Уапсени 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол