Утрински Весник
Свет
Img 7972

Најмалку 54 лица загинаа во камионска несреќа во Мексико

Најмалку 54 лица загинаа во камионска несреќа во Мексико
300x250 opst2

Најмалку 54 лица, претежно мигранти од Централна Америка, загинаа во камионска несреќа во јужната мексиканска држава Чиjапас, соопштија синоќа властите, во една од најтешките сообраќајни несреќи во земјата во последните години.

Несреќата се случила кога голем камион со приколка се превртел на опасна кривина, изјави шефот на агенцијата за цивилна заштита во Чиjапас, Луис Мануел Гарсија.

Меѓу загинатите има мажи, жени и деца. Во несреќата повредени се и 58 лица кои се префрлени во блиските болници, изјави Гарсија. Тројца oд нив се здобиле со тешки повреди.

Мигрантите кои бегаат од сиромаштијата и насилството во Централна Америка обично патуваат низ Мексико за да стигнат до границата со САД, а понекогаш се даваат во бегство во големи камиони организирани од шверцери во исклучително опасни услови.

Можете да прочитате

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија

Опаѓа поддршката кај граѓаните на ЕУ за зголемување на воените трошоци