Утрински Весник
Свет

Најмалку 50 лица заразени од омикрон-сојот на божикна прослава во Осло

Најмалку 50 лица заразени од омикрон-сојот на божикна прослава во Осло

Норвешка во паника. Најмалку 50 луѓе во Осло биле заразени од омикрон-сојот.

Случаите се поврзани со неодамнешната божикна прослава на една компанија во ресторан во Осло, изјавиле официјалните лица, а пренесува агенцијата АП.

Општина Осло преку соопштение наведува дека се очекуваат повеќе случаи.

Официјалните лица се обидуваат да ги откријат начините на пренесување на вирусот на прославата.

Норвешкиот институт за јавно здравје соопшти дека пациентите живеат во Осло и околните општини.

Можете да прочитате

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја

Ужас во Колумбија: Се урна воен авион, имало 110 војници!

Ле Пен, Вилдерс и Салвини го поддржаа Орбан во Будимпешта