Утрински Весник
Свет

Најмалку 31 лице загинаа во поплавите во Авганистан, повеќе од десетина се водат како исчезнати

Обилните дождови во северен Авганистан предизвикаа поројни поплави, во кои загинаа најмалку 31 лице, 17 беа повредени, а десетици се водат како исчезнати, пишува „Вашингтон пост“ повикувајќи се на државната новинска агенција на талибанците.

dobivaj vesti na viber

Новинската агенција „Бахтар“ јави дека поплавите се случиле вчера во северната провинција Парван, а меѓу загинатите има жени и деца, пишува „Вашингтон пост“.

Според денешниот извештај, најмалку 100 лица сѐ уште се водат како исчезнати, а акцијата за пребарување и спасување е во тек.

Поплавите однесоа десетици куќи во трите погодени области во Парван, провинција опкружена со ридови и сè поподложна на поплави и обилни дождови.

Локалниот метеоролошки оддел соопшти дека во наредните денови се очекуваат нови врнежи во поголемиот дел од Авганистан.

Во поплавите во земјата во јули годинава животот го загубија 40 лица, а во јуни 19, пишува весникот.

Можете да прочитате

Хамнеи ги повика земјите од Персискиот Залив да се обединат против „вистинскиот непријател“

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал, властите предупредуваат за зголемување на нивоата на реките

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат