Утрински Весник
Свет

Најмалку 13 загинати во пожар во забавен парк во Кина

Најмалку 13 загинати во пожар во забавен парк во Кина

Во пожар што избувна во забавен парк во Кина загинаа 13 лица, а 15 се повредени, објавија властите.

Пожарот избувнал во четвртокот, на првиот ден од осумдневниот национален празник, во салата каде што биле изложени ледени лампиони и скулптури од снег во забавен парк во предградието на градот Таијуан во провинцијата Шанкси, соопшти Министерството за вонредни ситуации.

Според новинската агенција „Ксинхуа“, 15 повредени лица се пренесени во болница и нивната состојба е стабилна.

Според АП, милиони луѓе се очекува да патуваат во Кина за време на националниот празник, што треба да даде поттик за економијата погодена од пандемијата на коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иранците запалија џиновски транспарент со Трамп, Венс, Нетанјаху и Виткоф

Зеленски се надева дека победата на демократите во САД ќе ѝ помогне на Украина

Што ги поврзува поразите на Орбан, Вучиќ и Трамп?