Утрински Весник
Свет

Најголемото жариште на опасниот бразилски сој П1 е во Канада

Најголемото жариште на опасниот бразилски сој П1 е во Канада
Dik 300x250 mk

Најголемото жариште на опасниот бразилски сој П1, што однесе десетици илјади животи во Бразил, се наоѓа во канадскиот скијачки центар Вистлер, во Британска Колумбија, објави Гардијан.

Провинциските власти мораа да го затворат одморалиштето кон крајот на март кога сфатија дека меѓу оние кои се заболени од коронавирусот има и со бразилски мутиран тип на Ковид-19.

Додека канадските провинции уриваат негативни рекорди за бројот на заболени од Ковид-19, експертите се многу загрижени за опасното и брзо ширење на разните соеви.

Од 877 потврдени случаи на сојот П1, има речиси 200 заразени во Британска Колумбија, што го прави најголемо жариште на бразилскиот сој надвор од јужноамериканската држава, каде има повеќе од милион активни случаи, а бразилските власти велат дека околу 90 проценти од пациентите страдаат од П1-вирусот.

Се верува дека П1 е многу заразен и значително фатален за помладите луѓе, и има голема моќ да ги реинфицира луѓето кои прележале Ковид-19.

Претходните студии покажаа дека може да изврши реинфекција на 25 до 61 процент од луѓето кои го прележале Ковид-19, но вистинскиот број ќе се утврди само кога ќе се знае повеќе за бразилскиот мутиран тип.

Можете да прочитате

Ненси Пелоси најави дека ќе се пензионира

Трамп: Ќе видиме како еден комунист ќе го води Њујорк

Виетнам под налет на тајфунот Калмаеги