МКЦ Скопје го најавува концертот на врвниот пијанист и композитор, Љубомир Мелник, кој прв пат доаѓа во Скопје, на специјална локација, во зградата на скопската легендарна пошта! Концертот е на 22 август во 21 часот во Пошта.
Маестро на „континуирано“ пијано
Љубомир Мелник е еден од најфасцинантните пијанисти и композитори на нашето време. Беше наречен „Пророк на пијано“ поради неговата животна посветеност на инструментот и за неговата работа во поместувањето на границите на тоа што може да се направи со него. Во средината на 1970-тите, додека живееше во Париз, тој создаде „Континуирана музика“ – тотално нов јазик за пијано, кој бара неверојатни технички способности, кои го користат целиот природен глас на пијаното. Може веднаш да се препознае дека оваа музика е основана во традиционалната класична техника за пијано, со сеќавање на Лист и Брамс, но исто така содржи многу влијанија од источната филозофија, како и минималната музика, комбинирајќи ги во прекрасна мешавина на модерни романтични хармонии и мелодии.
Користејќи ги неговите извонредни пијано способности за да генерира над 19,5 ноти во секунда во секоја рака, тој е најбрзиот пијанист некогаш снимен. Од раните 1970-ти произведе неверојатен опус од повеќе од 120 дела, повеќето за соло или двојно пијано и отвори целосно нови патеки во современата музика.
Билетите се во многу ограничен број. Достапни на билетарница во МКЦ и онлајн по цена од 500 денари.
Текстот Најбрзиот пијанист на светот, Љубомир Мелник, за прв пат во Скопје е превземен од МАКФАКС.