Утрински Весник
Свет
Img 7972

Најбогатите во САД не плаќаат речиси никаков данок

Најбогатите во САД не плаќаат речиси никаков данок
300x250 opst2

Информации кои откриваат колку малку данок на доход плаќаат американските милијардери протекоа на веб-страницата ПроПублика.

Веб-страницата наведува дека ги видел даночните пријави на некои од најбогатите луѓе во светот, вклучувајќи ги Џеф Безос, Илон Маск и Ворен Бафет. Како што се наведува, Безос, сопственикот на „Амазон“, не платил данок во 2007 и 2011 година, додека Маск, сопственикот на „Тесла“, не платил ништо во 2018 година.

Портпаролката на Белата куќа го нарече протекувањето на информациите „незаконско“, а ФБИ и даночните власти истражуваат.

ПроПублика соопшти дека го анализира она што го нарече „огромна група податоци за службата за внатрешни приходи“ за даноците на милијардерите и ќе објави други детали во текот на следните недели.

Протекувањето на овие информации се јавува во време на растечка дебата за износот на данокот платен од богатите и проширување на нееднаквоста.

ПроПублика наведува дека најбогатите 25 Американци плаќаат помал данок или во просек 15,8% од прилагодениот бруто приход, за разлика од повеќето мејнстрим работници во САД.

„ Бевме мошне зачудени од тоа дека можете да го намалите [данокот] на нула ако сте мултимилионер. Ултра богатите луѓе можат да го заобиколат системот на целосно легален начин“ изјави Џес Ајзангер, уредник во ПроПублика.

Можете да прочитате

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир