Утрински Весник
Свет

Најавен најмасовен протест поради забраната за абортус во Полска

Најавен најмасовен протест поради забраната за абортус во Полска

Активистите за заштита на правата на жените се подготвуваат за, како што велат, најголемиот протест досега во Полска. Во таа земја повеќе од една недела се одржуваат протести поради пресудата на Уставниот суд за забрана за абортус во случај на вродено оштетување на фетусот.

Маршот е планиран за вечерва во главниот град Варшава, и покрај апелите на владата луѓето да останат дома поради големиот број случаи на заболени со коронавирус.

Вчера е потврден рекорден број на заболени во Полска – над 20.000 случаи и 301 смртен случај.

Јавниот обвинител најави дека ќе поднесе кривична пријава против организаторите на протестот за предизвикување епидемиолошка закана, за што им се заканува казна затвор од осум години.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Отворена истрага откако иранска телевизија објави видео со упатства како да се убие Меланија Трамп

Собјанин: Москва ноќеска беше нападната со повеќе од 390 дронови

Тела на пет бебиња пронајдени во картонски кутии во семејна куќа на југот на Франција