Утрински Весник
Македонија

Нацрт-концепцијата за основното образование на собраниска седница

(Видео) Стојаноска: Денес имаме предлог за влада од два пати аболиран мандатар

Собранието денеска треба да ја одржи 34 седница, на чиј дневен ред се 67 точки. Пратениците, меѓу другото, ќе расправаат за предлог-законот за дополнување на Законот за средното образование, по скратена постапка, за предлог измените на законите за оружјето, за прекршоците против јавниот ред и мир, за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, за безбедност на сообраќајот на патиштата, на Законот за здравствената заштита. На. дневен ред е и информацијата за нацрт-концепција за основно образование.

Ќе заседаваат и две собраниски комисии.Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да ги разгледааат годишните извештаи за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата, на Судскиот совет, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, на Инспекцискиот совет и на Агенцијата за администрација за 2019 година, како и Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025. Комисија за труд и социјална политика ќе расправа за Предлог законот за изменување на Законот за социјалната заштита, во прво читање.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”

Битиќи ја прозва министерката за финансии: „Фејсбук не е место за правдање на долгови“

ВЛЕН: Зошто ДУИ ја брани урбаната мафија во Тетово? Кому му пречи развојот на Тетово?