Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Нацевска: Финтек-компаниите заинтересирани за развивање на нови услуги во платежната сфера

Нацевска: Финтек-компаниите заинтересирани за развивање на нови услуги во платежната сфера
Img 7972

Преку Портата за иновации на Народната банка согледуваме дека финтек-компаниите се заинтересирани за развивање и понуда на нови услуги во платежната сфера. Тие може да го олеснат управувањето со паричните средства на компаниите, коишто се водат на платежни сметки кај повеќе даватели на платежни услуги, преку следење во реално време на состојбата и извршените трансакции. За таа цел, ќе требно да се воведе концептот на т.н. „отворено банкарство“, којшто подразбира воспоставување стандарди за отворена и сигурна комуникација. Народната банка работи на изготвувањето соодветен подзаконски акт со кој ќе се пропишат стандардите за отворена и сигурна комуникација, усогласен со стандардите коишто се применуваат во Европската Унија.

Ова го истакна вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, на панел-дискусијата „Долгорочни можности: Економски и правни аспекти на регулативата за инвеститорите во РСМ“, на виртуелниот национален настан во рамките на Светската недела на инвеститорите т.н. бизнис-ангели, којшто се одржа вчера, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија и Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангелите.

Нацевска меѓу другото се осврна на придобивките од залагањата на финтек-компаниите за олеснување на плаќањата и преносот на средства, преку понуда на иновативни решенија за дигитализација на платежните услуги.

„Со користењето на иновативните решенија на финтек-компаниите, во иднина граѓаните ќе можат полесно да иницираат плаќања од своите платежни сметки коишто ги одржуваат кај банките или кај други даватели на платежни услуги, како и да добијат прегледни и корисни збирни и аналитички информации за своето потрошувачко однесување, во однос на извршените плаќања во одреден временски период преку своите платежни сметки кај различни даватели на платежни услуги, истакна Нацевска.

Резултатите од истражувањето на Народната банка, коешто го презентира Нацевска, потврдуваат дека финтек-секторот може да обезбеди поголеми можности и подобри услуги за потрошувачите и малите бизниси и може да придонесе за усогласување на финансискиот систем со најдобрите меѓународни практики.

Во своето излагање, вицегувернерката, потсети и дека Народната банка, во соработка со Министерството за финансии, работи на нова регулативна рамка во платежната сфера со експертска поддршка од Европската Унија. Новата регулативна рамка ќе придонесе за побрз развој на финтек-секторот во земјата.

Можете да прочитате

Филипче: 10.000 фирми не може да си повратат ДДВ, Владата го уништи стопанството

Индустриското прозиводство во првите осум месеци поголемо од лани за 2,2 отсто

Стејт департмент: Водењето бизнис во Северна Македонија е генерално лесно, главен предизвик е корупцијата