НАТО oбјави напредок во зајакнувањето на своето источно крило, при што четирите нови борбени групи во Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија го достигнаа своето прво ниво на борбена готовност, соопшти новинската агенција ДПА, повикувајќи се на портпаролот на Северноатлантската алијанса.
Првично, НАТО не го соопшти точниот состав и број на борбени групи што ќе бидат распоредени на источното крило. Според последните информации на ДПА, во Словачка веќе има 2.100 војници од земји како Германија, Холандија, Чешка и САД. 800 војници од Хрватска се стационирани во Унгарија, 900 од САД во Бугарија и 3.300 од Франција, Белгија, Италија и САД во Романија. Новите борбени групи се поставени за дополнително зајакнување на одбранбените способности во услови на руската инвазија на Украина.
Агенцијата нагласува дека досега НАТО имал постојани мултинационални единици само во балтичките држави Естонија, Летонија и Литванија, како и во Полска. Ваквите борбени групи вообичаено бројат меѓу 1.000 и 1.200 војници, но неодамна значително се зголеми поради настаните во Украина.