Утрински Весник
Свет

Наставничка во Словенија добила отказ од работа бидејќи не сакала да се вакцинира, ниту да се тестира

Наставничка во Словенија добила отказ од работа бидејќи не сакала да се вакцинира, ниту да се тестира
Img 5587

На наставничка во основно училиште во Марибор и’ е врачено решение за прекин на работниот однос бидејќи одбила да биде тестирана или вакцинирана против коронавирус.  Станува збор за прв случај од овој вид откако владата ги заостри мерките поради ширењето на епидемијата во третиот бран.

Како што објавија денеска словенечките медиуми, наставничката одбивала да се тестира еднаш неделно и да носи маска на часови, според обврзувачката наредба на Министерството за образование, и сега е отпуштена. Жената има право на жалба на одлуката за престанок на работниот однос во рок од две недели.

300x250 (7)

Медиумите објавија дека наставничката била активна во групата против вакцинација, која неодамна упадна во студио на информативна програма, барајќи да се престане со пропаганда на владината кампања за вакцинација, а во видео на Фејсбук ги убедувала родителите да не ги испраќаат своите деца во режимски и фашистички училишта.

Директорката на училиштето, Катја Прегл, за малиборскиот весник „Вечер“ изјави дека наставничката била отпуштена поради кршење на работните обврски.

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен му повторил на Нетанјаху дека САД се уште се против воена операција во Рафах

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум