Утрински Весник
Македонија

Наставниците по физичко од Аеродром со видеовежби за учениците

Наставниците по физичко од Аеродром со видеовежби за учениците

Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Наставниците по физичко образование од основните училишта од Општина Аеродром активно се вклучија во онлајн наставата. Тие за своите ученици подготвуваат видеовежби во домашни услови.

– Со оглед на новонастаната состојба со ширењето на коронавирусот, наставата во основните училишта во Општина Аеродром по сите предмети се изведува непречено преку далечинско учење, односно учење од дома. Притоа се користат различни форми и методи на учење и комуникација со помош на разни дигитални алатки, е-платформи и слично, соопштија од Општината. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание

Силен ветер ќе ја зафати Македонија – граѓаните да бидат внимателни