Утрински Весник
Македонија

Наскоро четири нови зелени површини во Скопје

Наскоро четири нови зелени површини во Скопје

Скопје, 9 јуни 2020 (МИА) – Во рамки на проектот за ревитализација и редизајн на зелени јавни површини во градот, во наредниов период во Скопје ќе почне изведбата на четири нови модерни зелени површини – скверови.

Овој проект се реализира изминативе две години од Градот и Центарот за иновации на Град Скопје (Скопје Лаб).

-Главна цел е ревитализација на запуштени јавни површини преку изградба на нови модерни површини (скверови), кои ќе обезбедат поквалитетен простор за релаксација, одмор и дружење на граѓаните. Новите скверови ќе бидат со модерен дизајн, а истите ќе бидат исполнети со многу зеленило и модерна урбана опрема, соопштија денеска од Град Скопје.

Посочуваат дека во рамки на овој проект е спроведена анкета на која граѓаните предлагаа локации кои би биле предмет на целосен редизајн и обнова. Како резултат на овие истражувања, а по предлог на граѓаните, Градот Скопје во наредниот период ќе изгради четири нови модерни јавни површини – скверови на следните локации:

Помеѓу булеварот „Илинден“ и улицата „Никола Тесла“ во Карпош, на површина од 1470 квадратни метри; пред и зад амбуланта „Млин Балкан“ во Центар, на површина од 585 квадратни метри. Помеѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „23 Октомври“, пред Рамстор и Стопанска банка во Аеродром, на површина од 2.000 квадратни метри; и на булеварот „Јане Сандански“ пред слаткарницата „Палма“ во Аеродром, на површина од 1.068 квадратни метри.

Како што информираат градските власти, ревитализацијата на старите и запуштени јавните површини ќе продолжи и во наредниот период на повеќе локации низ Скопје.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Македонија доби „Македонска интервентна пожарна” од 43 специјални транспортни возила за справување со пожарите

Хеликоптер на МВР се вклули во гаснењето на пожарот кај Блаце

Министерството за здравство бара од медиумите да не пишуваат и да не земаат изјави од повредените од Кочани кои се рехабилитираат