Утрински Весник
Магазин

Наскоро стартува реално шоу за супер-богати Азијци во Лос Анџелес

Наскоро стартува реално шоу за супер-богати Азијци во Лос Анџелес

Реалното шоу „Империја Блинг“ премиерно ќе почне да се емитува на стриминг-платформата „Нетфликс“ на 15 јануари, а во фокусот е животот на лудо богати Азијци во САД.

Серијата прикажува задкулисни игри и разни пикантерии на азиско-американски и азиски пријатели (и непријатели) кои живеат живот на висока нога во Лос Анџелес, а во најавата за серијата се вели дека гледачите треба да очекуваат многу врвни забави, раскош, прекрасна облека, гламурозни ескапади и голема драма.

Во актерската екипа се вклучени колекционерката на висока мода и филантроп Кристине Чиу и Џејми Кси (ќерката на Кен Кси), младиот моден инфлуенсер и најбогатиот во групата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Крцкав помфрит од рерна со пченкарен скроб

Хороскопски знаци со силна потреба за контрола

Богојавление (Водици) – ден за чистење и благослов