Утрински Весник
Македонија

Напладне продолжува расправата за избор на Кацарска за нов уставен судија

Напладне продолжува расправата за избор на Кацарска за нов уставен судија

Собранието денеска втор ден ќе расправа за предлогот Добрила Кацарска да биде избрана за судија во Уставниот суд.

Продолжението на седницата е закажано за попладнево.

Со свирежи и транспаренти, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја прекинаа вчерашната седница, односно направија герилска акција, со која го изразија револтот Добрила Кацарска да биде избрана за судија во Уставниот суд. Тие станаа од своите места и застанаа пред говорницата држејќи транспарент на кој пишуваше „Кацарска, извршител на мафијата“, „Кацарска значи неправда“, а пратениците носеа и маици со ликот на Кацарска.

Кога прекина акцијата, пратениците се повлекоа на своите места, но продолжија со свирежи кога на говорницата излегуваа пратениците од парламентарното мнозинство.

„Можете да свирите цел ден, цела вечер, не ви се мешам во тоа. Нема да ја прекинам седницата, но ќе замолам да се однесуваме демократски и на висина на задачата, ние сме избраници на народот“, рече собранискиот спикер Талат Џафери.

На дневен ред на 20. седница се измените на Законот за приватно обезбедување, измените и дополнувањата на Законот за Централен регистар, измените и дополнувањата на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, како и измените на Законот за издавање обврзници на Република Македонија за денационализација, сите во прво читање.

На дневен ред се и предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, предлог-законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и „Макпетрол“ АД Скопје по пат на спогодба, предлог-законот за изменување на Законот за работните односи и предлог-законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, сите по скратена постапка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!