Лос Анџелес, 27 март 2020 (/) – Жена намерно кашлала врз храна во продавница во американската сојузна држава Пенсилванија, па ќе се соочи со кривична пријава, соопшти полицијата.
Неименуваната жена влегла во продавница на синџирот Герити-супермаркетс во градот Хановер Тауншип и почнала да кашла врз пекарските производи, месо и друга храна, напиша на Фејсбук Џо Фасула, еден од сопствениците.
Вработените потоа ја тргнале стоката од полиците и ги дезинфицираа местата на коишто жената кашлала. Производите се проценуваат на околу 35.000 долари.
Жената е приведена. Засега се испитува нејзиното физичко, но и психичко здравје. Сѐ уште не е поведена постапка против неа.
Американското Министерство за правда претходно соопшти дека луѓе кои намерно ќе го шират новиот коронавирус, може да бидат обвинети за теоризам. си