Утрински Весник
Магазин

Барле – гратче во коешто за секого важат различи правила околу корона-кризата

Барле – гратче во коешто за секого важат различи правила околу корона-кризата
Ss2

Барле-Носау, 27 март 2020 (/)  – Мерките против ширењето на коронавирусот создадоа необична ситуација во познатото гратче Барле коешто е поделено со холандско-белгиската граница.

Имено, на самата гранична линија, се наоѓа улица каде што една линија се наоѓа во Белгија, а спротивната во Холандија.

Со децении, ова не претставуваше ништо невообиичаено, но сега, поради построгите мерки за ограничување на движењето во Белгија, нејзините граѓани сега можат да одат до продавниците за храна и лекови на холандска територија, а пак, Холанѓаните можат да одат и во бутик, патничка агенција, или на оптичар во својата земја.

– Тоа се сѐ холандски трговски претпријатија, но да беа во Белгија, ќе беа затворени во ова време на коронавирус. Живеам на 50 метра одовде и минувам оттука, но не смеам да влезам во ниедна продавница оти сум Белгиец, изјави Франк де Бонт, началник на белгиската општина Барле-Хертог.

Старото гратче Барле-Носау се наоѓа во Холандија, но тоа опфаќа и 26 белгиски енклави коишто ја чинат општината Барле-Хертог, а меѓу самите нив има уште осум помали холандски енклави кои ѝ припаѓаат на Барле-Носау. Де Бонт објаснува дека оваа невообичаена географска разместеност влече корени од феудалното уредување и поделба на земјиштето пред 1.000 години, па така и останало.

– Досега тоа беше доста вообичаено… Имаше и напори да се воспостават регуларни граници, дури и по Првата светска војна, но не вродија со плод.  си/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Венеција почнува да наплаќа влезници

Мајкл Даглас: Ги посетив децата на факултет, сите мислеа дека сум нивен дедо

Липата помага при висок крвен притисок, стрес и проблеми со мокрењето