Утрински Весник
Македонија

Намален бројот на пожари во Куманово од почетокот на пандемијата

Намален бројот на пожари во Куманово од почетокот на пандемијата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Куманово, 13 мај 2020 (МИА) – Значително е намален бројот на пожари во Куманово од почетокот на пандемијата до денеска, во однос на истиот период лани, информираа денеска од територијалната противпожарна единица.

Годинава во март, Тeриторијалната протипожарна единица евидентира 28 интервенции, главно сува трева и технички интервенции, во април имало само 15 пожари од кои поголем процент на запалени оџаци, интервенции во станови на пожари предизвикани од проблеми со електрична инсталација, а во мај досега има само седум интервенции.

-Граѓаните поради состојбата со пандемијата се дома, внимателно се однесуваат и заради тоа имаме намален број на интеревнции. Мора да кажеме дека беше и студено, имавме дожд. Но, тоа не значи дека не сме ангажирани. Кумановци знаат дека нашите тимови, активно, секојдневно, беа вклучени во дезинфекција на јавни површини, улици, објекти, особено во зградите. Сменски бевме организирани во преземањето на мерките за превенција од ширење на коронавирусот, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Во однос на лани, во март биле евидентирани 132 интервенции, во април 37 и во мај 12. ам/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хаос во Италија: Масовна пресметка меѓу Македонци и Албанци заврши со апсења

Земјотрес почувствуван во Охрид и околината

Македонска Каменица во тридневна жалост по трагичната смрт