Утрински Весник
Економија

Намален бројот на патници во меѓуградскиот и меѓународниот автобуски превоз

Намален бројот на патници со автобуси во второто тримесечје од годинава

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) – Во четвртиот квартал лани со автобус се превезени 20.796.000 патници, што е за 3,5 проценти помалку во однос на истиот период од 2018 година.

Според видот на превозот, зголемен број на превезени патници има само во градскиот превоз и тоа за 1,7  проценти, а намалување за 5,3 проценти има во приградскиот превоз, за 24,2 проценти во меѓуградскиот и за 24,5 проценти во меѓународниот превоз.

Во четвртото тримесечје од 2019 година, во однос на истиот период од 2018 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз  е намален за 13,2  проценти.

Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 1,1 процент, додека во приградскиот превоз е намален за 3,4 проценти, во меѓуградскиот за 23,3 проценти, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 21,9  проценти. лв/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија

Вицегувернерката Митреска: Очекуваме понатамошно намалување на инфлацијата следната година