Утрински Весник
Македонија

Рама: Капацитетот за успешна комуникација на земјите од Западен Балкан е важен услов за ЕУ

Рама: Капацитетот за успешна комуникација на земјите од Западен Балкан е важен услов за ЕУ

Тирана, 21 февруари 2020 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама на денешниот Самит на групата раководители на акцелераторот за конкурентност и иновации на Западен Балкан, истакна дека капацитетот за успешна комуникација меѓу западнобалканските земји е важен услов на евроинтеграциите на целиот регион.

– Европските интеграции се засноваат на заслугите на секоја земја. Меѓутоа, концептот што е сега воведен во новата методологија, значи дека Европската Унија ќе следи и како ние функционираме едни со други, дали имаме капацитет успешно да комуницираме, истакна Рама.

Тој, посочи дека, доколку земјите од Западен Балкан успеат во тоа, Унијата повеќе ќе ги почитува и ќе биде поотворена кон нив. см/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Камион пропадна на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки

Имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права во фокусот на дебатата во Талин