Утрински Весник
Спорт

Намалена казната на Колман – Главниот фаворит на 100 метри сепак нема да оди во Токио

Намалена казната на Колман – Главниот фаворит на 100 метри сепак нема да оди во Токио

Судот за спортска арбитража, му ја намали суспензијата на американскиот спринтер, Кристијан Колман, но тој сепак нема да може да учествува на Олимписките игри во Токио.

Во моментов, најбрзиот човек во светот, поради непочитување на анти-допинг правилата, допи двегодишна суспензија. Во петокот, Судот за спортска арбитража, делумно ја прифати неговата жалба и му ја намали суспензијата на шест месеци.

Казната, Колман, ја доби бидејќи во рок од 12 месеци, три пати бил недостапен за луѓето од светската анти-допинг агенција (ВАДА).

Колман, ќе може да се натпреварува од ноември, што значи дека ќе ги пропушти Игрите во Токио.

Американецот требаше да биде најголемиот фаворит за златниот медал на Олимписките игри. Тој на Светското првенство во Доха, во 2019 година, 100 метри истрча за 9,76 секунди.

> Намалена казната на Колман – Главниот фаворит на 100 метри сепак нема да оди во Токио <

Можете да прочитате

Герасимовски: Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки

Ливерпул крева раце од Алонсо, ќе бара нов наследник на Клоп

Поранешниот селектор на Кина призна дека примил 10 милиони евра мито