Утрински Весник
Свет

Над 50 патници позитивни на Ковид-19 на лет Њу Делхи-Хонгконг

Над 50 патници позитивни на Ковид-19 на лет Њу Делхи-Хонгконг

Најмалку 52 Патници на лет од Њу Делхи до Хонгконг биле позитивни при слетувањето, иако покажале негативен тест за Ковид-19 пред да се качат на авионот на аеродромот во Индија.

Сите патници кои биле позитивни, дошле со авион на индиската авиокомпанија „Вистара“, а летот се случил на 4 април, објави „Дејли меил“. Во авионот имало 188 патници, а властите во Хонгконг не соопштија колку персонал имало на летот.

Хонгконг бележи помалку случаи на ден отколку што имало на спорниот лет, бидејќи го стави под контрола четвртиот бран на пандемијата во јануари.

Здравствените експерти проценија дека напредните системи за вентилација значително го намалуваат ризикот од инфекција во авионот и има многу претпоставки за тоа како се случило жариштето во авионот.

Прво, тие велат дека патниците можеби веќе биле заразни во Индија кога го направиле тестот не повеќе од 72 часа пред да се качат во авионот.

Второ, преоптоварениот индиски здравствен систем не може точно да открие случаи пред патниците да влезат во авионот и можно е поединци да фалсификувале тестови.

Третата можност е патниците да се заразиле во еден од карантин-хотелите во Хонгконг.

Исто така, постои можност некои патници да биле заразени со исклучително заразен вид на ковид, што може да се пренесе меѓу патниците и покрај напредните системи за вентилација.

Можете да прочитате

На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти

САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот

Тројца странски туристи и еден Авганистанец убиени од вооружени лица во Авганистан