Утрински Весник
Економија

Над 350 барања за субвенционирање на плати на првиот ден од примената на мерката

Над 350 барања за субвенционирање на плати на првиот ден од примената на мерката

Скопје, 2 мај 2020 (МИА) – Вкупно   356  барања  за финансиска подршка за исплата на плати се поднесени до Управата за јавни приходи преку системот Е- даноци во текот на  вчерашниот ден.
Врз основа на Уредбата за финансиска подршка за работодавачите за исплата на плати за април и мај, која беше изменета и дополнета вчера, Управата за јавни приходи го постави образецот БФП-ИП согласно измените и го овозможи поднесувањето на барањето за оваа финансиска поддршка, а резултатите, како што велат, се очигледно уште од првиот ден.
-Затоа уште еднаш ги повикуваме работодавачите  да аплицираат за оваа финансиска поддршка – 14.500 денари  за исплата на плата за секој вработен, и да ја користат оваа   поволност која ја донесе Владата на Република Северна Македонија, се со цел намалување на  последиците од  здравствено – економската криза Корона вирусот COVID -19 која го зафати целиот свет, се вели во соопштението од УЈП.
 
Даночните обврзници користат и други анти-кризни мерки, односно ослободувањата од плаќање на аконтации на данок на личен доход и данок на добивка. 
Досега, барање за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците март, април и мај поднеле 688 даночни обврзници, а за ослободување од плаќање на аконтации на данок на личен доход 380 даночни обврзници. Овие барања се комплетни и истите се потврдени од страна на Управата за јавни приходи. бак/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Соработката со „Бехтел ЕНКА” продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување