Утрински Весник
Свет

Над 140 мигранти се удавија во близина на Сенегал

Над 140 мигранти се удавија во близина на Сенегал

Најмалку 140 мигранти се удавиле на брегот на Сенегал во најсмртоносниот бродолом забележан оваа година, објави Меѓународната организација за миграција.

Бродот кој пренесувал 200 луѓе се запалил и се превртел во саботата неколку часа откако го напуштил рибарскиот град Мбоур, 100 километри јужно од главниот град Дакар, соопшти организацијата.

Сенегалската и шпанската морнарица и рибари спасиле околу 60 луѓе, но најмалку 140 се удавиле.

Опасниот морски премин од западна Африка на Канарските острови, некогаш бил главна рута за оние кои сакале да побегнат од сиромаштијата. Откако Шпанија ги зајакна патролите кон средината на 2000 година, оваа рута привлекува помалку мигранти, но оваа година повторно им станала многу интересна.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата