Утрински Весник
Свет

Над 100 демонстранти уапсени на протестите во Минск

Над 100 демонстранти уапсени на протестите во Минск

Најмалку 100 демонстранти се уапсени за време на денешните протести во Белорусија.

Десетина илјади луѓе излегоа на улиците на Белорусија барајќи од претседателот Александар Лукашенко да се повлече од власта, речиси еден месец по победата на спорните претседателски избори.

Протести се одржаа во поголемите градови ширум Белоруисја, изјавила портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Олга Чемоданова.

Од организацијата за човекови права „Виасна“, велат дека демонстрациите во Минск привлекле над 100.000 луѓе, а дека околу 200 луѓе се приведени ширум земјата, од кои 100 во Минск.

Како што пренесува ТАСС, по протестите од пред претседателската резиденција отстранети се метални огради и бодликава жица, а сообраќајот е повторно воспоставен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk