Утрински Весник
Свет

Надал, ужаснат од сликите на вулканската ерупција, вети помош

Надал, ужаснат од сликите на вулканската ерупција, вети помош

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал со жалење гледа на сликите што деновиве доаѓаат од Ла Палма од Канарските Острови

Активниот вулкан „Кумбра Виеха“ еруптираше во неделата и исфрла чад и лава кон куќите во селата во јужниот дел на островот.

Властите започнаа со евакуација, а четири села првично беа погодени, по што се огласи Надал.

„Ги следам вестите и ужасно ми е жал за сликите од вулканската ерупција на Ла Палма и последиците што зафатија многу семејства. Ви испраќам прегратки и се надевам дека ова ќе заврши наскоро, и дека потоа ќе придонесеме и ќе им помогнеме на нашите сонародници“, рече Надал.

Надал и претходно учествуваше во хуманитарни акции, а во една од нив ги отвори вратите на својата академија за загрозените од поплавите што ја погодија Мајорка пред три години.

Во тоа време, тој самиот учествуваше во санирање на последиците од поплавата со чистење на калта и тињата.

Можете да прочитате

Русија соопшти дека погодила три пловила во пристаништето Черноморск, како и магацин за дронови и фабрика во Одеската област

Меркел им порача на Германците дека „нема бесплатен ручек“ и ги повика да ја бранат демократијата

Два брода нападнати во близина во Ормуската Теснина во близина на Оман